ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ЕКСТЕРНИ ИСПИТИ ОД ДРЖАВНА МАТУРА ВО УЧЕБНАТА 2019/2020 ГОДИНА

drd-1-

Почитувани ученици, родители/старатели,

СОСУ „Илинден“-Илинден ве известува дека ќе се организира полагање државна матура и завршен испит за учениците кои:

– во претходните учебни години започнале со полагање на испити од државна матура, но не ги положиле или не присуствувале на истите и
– во претходните години се стекнале со диплома за завршен испит, а во оваа учебна година се пријавиле за полагање државна матура

Согласно Календарот за изменување и дополнување на Календарот за организација и работа на јавните средни училишта во учебната 2019/2020 година со дел. број 18-5052/1 од 14.05.2020 година од Министерството за образование и наука, чија примена е од 15.05.2020 година, испитите во јунскиот испитен рок ќе се полагаат на:

– македонски јазик и литература, на 30.06.2020 (вторник) со почеток во 10:00 часот
– англиски јазик, на 01.07.2020 (среда) со почеток во 10:00 часот
– бизнис и историја, на 02.07.2020 (четврток) со почеток во 10:00 часот

Напомена: По добивање информација од Државен испитен центар , дополнително ќе бидете известени за местото на одржување на испитите.

Со почит- СОСУ „Илинден“-Илинден
Директор- Зоран Арсовски

Објавено на 16.05.2020 во Општо

Сподели го текстот

Back to Top