Известување од натпреварот Развојни Микропроцесорски Системи

СОСУ Илинден активно се вклучи во работилницата на тема Развојни Микропроцесорски Системи која е дел од проектот „Технологија за тебе“ во организација на Loging electronics заедно со Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии (ФЕИТ) во Скопје и нивната лабораторија за производство ФАБЛАБ. Настанот се одржа на 15-ти Мај 2024 и во него земаа учество 10 средни стручни училишта од областа на Електротехника со околу 50-тина учесници.

Работилницата се одржа во просториите на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии (ФЕИТ). На професорите кои предаваат технички предмети во средните училишта во Република Македонија од областа на дигиталната електроника, микропроцесори и системи, микрокомпјутери, роботика и сл. им се презентираа најновите информации од оваа брзорастечка област и практичен увид низ демо примери на изработени апликации. Исто така се вршеше запознавање со платформите и околината на развојните системи ARDUINO, RASPBERRY и MIKROELEKTRONIKA како и реализација на практичен дел со овие развојни платформи.

Во склоп на работилницата се одржа и средношколски натпревар каде што учениците од секое училиште во тимови од по двајца се натпреваруваа во практична реализација на зададена задача/проблем со користење на Arduino развојната платформа и со изработка на плочка за склопот од задачата. Нашето училиште на овој натпревар го претставуваше тимот составен од учениците од 3-та година Марко Петрушевски и Матеј Додевски под менторство на професорот Игор Атанасов.

Објавено на 21.05.2024 во Активности

Сподели го текстот

Back to Top