Конкурс за средношколски есеи – 2017

Konkurs za srednoskolski esei ilustracija 1

Институтот за култура и уметност при Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“  од  Свети Николе – Битола распишува

КОНКУРС

за најдобри средношколски есеи на следниве теми:

  • „Јас ја живеам мојата визија“
  • „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“
  • „Информатичкото општество како придобивка и факт“
  • „Човекот –  тоа сум јас“
  • „Безбедноста – основен услов во животот и работата“
  • „Економскиот развој на Република Македонија во 21 век“

1. Кој може да се пријави?

На конкурсот можат да учествуваат сите средношколци од Република Македонија со неограничен број на есеи.


2. Кои услови треба да ги исполнува есејот?

 Есејот треба да биде напишан на македонски јазик и да ги исполнува следниве услови:

  • да биде напишан на една од дадените теми
  • да биде подготвен како MS Office Word документ (.doc или .docx) – А4 формат
  • да не надминува 700 зборови
  • фонт Arial (со македонска/кирилична поддршка);
  • маргини: лево, десно, горе и долу по 20 mm

3. Освен есејот, дали е потребно да се достават дополнителни информации?

Потребно е на првата страница, пред почетокот на есејот, истакнати следниве податоци:

  • име и презиме на авторот
  • датум на раѓање на авторот
  • име на училиштето и место
  • адреса и место на живеење на авторот
  • телефонски број на авторот
  • адреса за електронска пошта на авторот

4. До кога најдоцна треба да се испратат материјалите?

Конкурсот ќе трае од  1 април – 1 мај 2017 година. Материјалите може да се доставуваат во овој период, најдоцна до 1-ви мај 2017.


5. Каде се испраќаат материјалите?

Есеите треба да се испратат во електронска порака на следнава адреса esei@msu.edu.mk со назнака „За Конкурсот за есеи“.


6. Награди

Предвидени се специјални награди за

  • Прво место: Златна плакета, лаптоп, комплет книги и стипендија во висина од 300 евра.
  • Второ место: Сребрена плакета,  таблет, комплет книги и стипендија во висина од 200 евра.
  • Трето место: плакета, комплет книги и стипендија во висина од 100 евра.

За сите останати учесници ќе бидат подготвени подароци и сертификати за учество на конкурсот.


7. Доделување на наградите

Наградите ќе бидат доделени на посебна свеченост која ќе се одржи на МСУ во Св. Николе на 24-ти мај во 12:00 часот. Сите ученици кои имаат испратено есеј ќе добијат покана за доделувањето на наградите.

Истовремено ќе се одржи и промоција на публикацијата насловена „Средношколски размислувања“, каде ќе бидат објавени сите успешни есеи од конкурсот.

Објавено на 14.04.2017 во Општо

Сподели го текстот

Back to Top