Општина Илинден, Средното општинско стручно училиште „Илинден“ – Илинден и компанијата „Џонсон Мети“ потпишаа Меморандум за соработка во областа на образованието, со кој англиската компанија за производство на катализатори ќе обезбеди практична настава и обука во сопствените капацитети за учениците од средното општинско стручно училиште „Илинден“.
Со потпишувањето на овој меморандум, Општина Илинден воведува иновативен пристап во образованието со цел збогатување на знаењата на учениците преку практична настава и обука и ја проширува соработката со локалниот бизнис сектор на полето на образованието како една од најважните области за развој и фактор на модерен раст.
Comments are closed.