МЕНАЏЕРСКИОТ ТИМ НА КЕМЕТ ЕЛЕКТРОНИКС ЈА ПРЕТСТАВИ СВОЈАТА БКОМПАНИЈА ПРЕД СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ОД СРЕДНОТО ОПШТИНСКО СТРУЧНО УЧИЛИШТЕ „ИЛИНДЕН“

Генералниот директор на Кемет Електроникс г-дин Гуидо Галини и г-ѓа Христина Бошковска, во присуство на градоначалникот на Општина Илинден г-дин Жика Стојановски, директорот на училиштето Зоран Арсовски, стручната служба и наставниот кадар, одржаа предавање на средношколците од средното општинско стручно училиште „Илинден“-Илинден. Во излагањето на генералниот директор Гуидо Галини беше претставена генезата на компанија Кемет Електроникс, нејзините производствени капацитети ширум светот, производствениот капацитет во Република Македонија како и палетата на производи кои произлегуваат од компанијата. Потоа г-ѓа Христина Бошковска имаше подетално излагање за производите што се изработуваат во нашата држава и објасни кои видови на кондензатори се изработуваат, како се изработуваат и каде се се употребуваат во секојдневниот живот. Предавањето произлезе како резултат на потпишан Меморандум за соработка во областа на средното образование помеѓу Општина Илинден, претставувана од градоначалникот Жика Стојановски и генералниот директор На Кемет Електроникс г-дин Гуидо Галини. Предвидено е во наредниот период да следи и посета на Кемет Електроникс каде учениците непосредно ќе се запознаат со производствениот процес и со начинот на кој е организирана компанијата, а дел од нив во иднина може ќе бидат и дел од оваа компанија. На крај директорот им врачи благодарници на градоначалникот Жика Стојановски и на генералниот директор на Кемет Електроникс за континуираната поддршка на средното општинско стручно училиште „Илинден“-Илинден.

Објавено на 11.03.2015 во Активности

Сподели го текстот

Back to Top