Посета на компанијата Витек Македонија

Учениците од II-2 клас на 26.02.2019 ја посетија компанијата Витек Македонија и имаа можност да го разгледаат производствениот процес. Посетата се реализираше како резултат на претходно потпишан Меморандум за соработка помеѓу градоначалникот на Општина Илинден м-р Жика Стојановски и менаџментот на компанијата. Меморандуми за соработка се потпишани  со Кемет Електроникс, Окта АД, Витек Македонија, Ван Хоол, Џонсон Мети и Мепсо А.Д. Училиштето успешно соработува и со компанијата Хајтек. Раководството на СОСУ „Илинден“-Илинден искажува голема благодарност до сите компании со кои соработува , до компаниите кои ги вработија нашите учениците  и се надева на идна уште поуспешна соработка во делот на образованието.

Објавено на 09.03.2019 во Општо

Сподели го текстот

Back to Top