ПОСЕТА НА КОМПАНИЈАТА „ЏОНСОН МЕТИ“

meti5001

На 24.04.2018 учениците од I-1 клас ја посетија компанијата Џонсон Мети. Учениците првично посетија задолжителна обука за безбедност при работа и за безбедно движење, а потоа имаа можност да го разгледаат производствениот процес. Посетата се реализираше како резултат на претходно потпишан Меморандум за соработка помеѓу градоначалникот на Општина Илинден м-р Жика Стојановски и менаџментот на компанијата. Меморандуми за соработка се потпишани и со Кемет Електроникс, Окта АД, Витек Македонија, Ван Хоол, Џонсон Мети и Мепсо А.Д. Училиштето успешно соработува и со компанијата Хајтек. Раководството на СОСУ „Илинден“-Илинден искажува голема благодарност до сите компании со кои соработува , до компаниите кои ги вработија учениците од првата генерација и се надева на идна уште поуспешна соработка во делот на образованието.

meti5001 2

Објавено на 03.05.2018 во Општо

Сподели го текстот

Back to Top