ПОСЕТА НА ЏОНСОН МЕТИ

На 22.03.2019 учениците од I-1 клас, во придружба на училишниот психолог и професор по стручни предмети, ја посетија компанијата Џонсон Мети. Учениците првично посетија задолжителна обука за безбедност при работа и за безбедно движење, а потоа имаа можност да го разгледаат производствениот процес. Посетата се реализираше како резултат на претходно потпишан Меморандум за соработка помеѓу градоначалникот на Општина Илинден м-р Жика Стојановски и менаџментот на компанијата. Меморандуми за соработка се потпишани и со Кемет Електроникс, Окта АД, Витек Македонија, Ван Хоол, Џонсон Мети и Мепсо А.Д. Училиштето успешно соработува и со компаниите Хајтек и Аптив. Раководството на СОСУ „Илинден“-Илинден искажува голема благодарност до сите компании со кои соработува , до компаниите кои ги вработија учениците од претходните генерациии и се надева на идна уште поуспешна соработка во делот на образованието.

Објавено на 23.03.2019 во Активности

Сподели го текстот

Back to Top