Согласно основниот проект, во Средното општинско стручно училиште „ИЛИНДЕН“-Илинден се постави фотонапонска електроцентрала со моќност од 39 KW, пришто произведената електрична енергија ќе се користи за потребите на училиштето, а вишокот на електрична енергија ќе се предава во електродистрибутивната мрежа. Фотонапонските панели од француско производство (RECOM) се поставија на источната и јужната страна на кровот на училиштето. Беа поставени вкупно 72 панела, односно 4 низи по 18 панела. Со оваа инвестиција за добивање на електрична енергија од обновливи извори, СОСУ „ИЛИНДЕН“ се приклучува кон глобалниот тренд за производство на „зелена“ енергија од обновливи извори. Со поставувањето на оваа фотоволтаична централа училиштето во целост ќе ги задоволи сопствените потреби од електрична енергија, на долг рок ќе има и заштеди во буџетот, а вишокот на средства ќе може да ги инвестира во други капитални проекти.
Раководството на училиштето изразува голема благодарност до Општина Илинден и до Градоначалникот Александар Георгиевски за оваа инвестиција, како и за целосната поддршка во изведбата на овој проект.
Comments are closed.