Успешно завршена феријална практика

bg_img_10

Учениците од трета година при СОСУ „Илинден“-Илинден и ова лето успешно ја реализираа феријалната практика во компаниите со кои се потпишани Меморандуми за соработка.

Феријалната практика во траење од десет работни дена се реализираше во погоните на компаниите Витек Македонија, Кемет Електроникс, Ван Хол и Мепсо А.Д.

Училиштето изразува голема благодарност до овие компании за менторирањето на нашите ученици, а посебна благодарност искажуваме до Витек Македонија и до нивниот менаџмент, бидејќи оваа година исплати и награда во висина од 100 евра во денарска противвредност на ученикот Тоше Колевски како ученик кој со своето залагање, професионалност и посветеност  во извршувањето на обврските целосно одговори на поставените задачи. Се надеваме дека овој убав гест на компанијата, кој доаѓа како награда за вложениот труд и квалитет ќе биде поттик и дополнителна мотивација како за наградениот ученик така и за сите останати ученици.

vitek kemet van hol MEPSO

Објавено на 27.08.2018 во Општо

Сподели го текстот

Back to Top