Учениците на СОСУ „Илинден“ го посетија саемот ТЕХНОМА 2017

TEHNOMA_2017

Учениците на СОСУ „Илинден“ на ден 25, 26 и 27.10.2017 година во присуство на наставниците Игор Атанасов, Ирена Петрушева, Слободан Таневски и Кирил Крстевски го посетија саемот ТЕХНОМА 2017 како дел од посетите на саеми и изложби кои се организирани по предметите Практична настава. Исто така во склоп на саемот ТЕХНОМА 2017 посетена беше и МАКИНОВА 2017. МАКИНОВА претставува изложба на пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки, младинско истражувачко креативно творештво која е придружена со ЕКОНОВА – изложба на иновации, пронајдоци и идеи и чија цел е подобрување на животната средина, а во организација на Сојузот на Пронаоѓачите и Автори на технички унапредувања на Македонија – СПАТУМ.

Објавено на 27.10.2017 во Активности

Сподели го текстот

Back to Top