Учениците од третта година упатени на феријална пракса

       Учениците од третта година од образовниот профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика и Електротехничар за електроника и телекомуникации започнаа со феријална пракса во компаниите МЕПСО АД, ВАН ХОЛ и ОКТА АД. Вкупно 68 ученика во текот на летниот период ќе имаат можност претходноусвоените теоретски и практични знаења, вештини и умеења во училиштето да ги надополнат со нови знаења во рамките на овие компании со кои градоначалникот на Општина Илинден       м-р Жика Стојановски има потпишано Меморандуми за соработка во областа на образованието. Преку ваквиот начин на соработка учениците ќе можат директно да се запознаат со мерките за безбедност, со фазите и процесот на производство во компаниите, да се стекнат со работни навики,да развијат чувство на  одговорност и тимска соработка.  ,

Објавено на 23.06.2016 во Активности

Сподели го текстот

Back to Top