Историјат

Основач на Средното општинско стручно училиште „Илинден“ е Општина Илинден.

Општина Илинден се наоѓa на 10 км оддалеченост од главниот град Скопје. Го зафаќа источниот дел на Скопската котлина, на тромеѓето Скопје-Куманово – Велес .Општина Илинден се граничи со Општините Гази Баба, Арачиново, Куманово и Петровец. Според пописот на населението од 2002 година, вкупниот број жители во Општина Илинден изнесува 15.894, кои живеат во 4.298 домаќинства или, просечно по 3,7 членови во домаќинство. Густината на населеност изнесува 150 жители/km2.

Во состав на Општина Илинден влегуваат 12 (дванаесет) населени места и тоа: Илинден, Марино, Кадино, Мралино, Ајватовци, Бунарџик, Миладиновци, Бујковци, Мршевци, Бучинци, Текија и Дељадровци.

Поаѓајќи од фактот дека образованието е еден од клучните двигатели на процесите во едно општество, Градоначалникот на Општина Илинден и Советот на Општина Илинден го основаа Средното општинско стручно училиште „Илинден“ – Илинден.

Со основањето на средното електротехничко училиште „Илинден“ во општина Илинден се овозможи дел од учениците од основните училишта „Гоце Делчев“, „Браќа Миладиновци“ и „Ристо Крле“ да го продолжат средното образование во општина Илинден. На тој начин се скрати времето потребно за патување на учениците, се обезбеди подобрување на условите за престој на учениците средношколци и подобрување на образовниот процес во општината.

Се разбира, училишните врати се отворени и за сите ученици кои доаѓаат од другите општини.

Leave a reply

Back to Top