Реализација на едукативни презентации

Во рамки на Развојната цел – Ученички иницијативи од Годишната програма за работа на училиштето, учениците од Ученички совет изработија презентации на различни теми од секојдневието и општеството кои најпрвин ги мапираа како проблеми со кои се соочуваме во секојдневието, а потоа врз основа на добиените одговори во соработка со училишниот психолог изработија Акциски план и теми за едукативни презентации кои започнаа со реализација на класните часови. Прва презентација беше на тема Ментално здравје и ментални болести како тема која е посакувана за работа и обработка заради предизвиците со кои се соочуваат денешните ученици, родители и наставници. Пораката која сакаат да ја пратат учениците е дека менталното здравје е во корелација со физичкото здравје односно дека покрај сите предизвици со кои се соочуваме здравата исхрана, прошетка во природа, хигиена на сонот и добар разговор со родител, стручен соработник можат да надминат голем број проблеми и ситуации.

Објавено на 16.02.2026 во Општо

Сподели го текстот

Back to Top