Дел од учениците од СОСУ „Илинден“ во рамки на програмата по предметот Бизнис и претприемништво имаа можност да ја посетат Народната банка на Р. Македонија. Целта на посетата беше да ги прошират своите знаења за Народната банка, т.е. кога е основана, која е улогата на гувернерот на НБРМ, која е нашата валута и нејзиното потекло, начинот на печатење на банкнотите и нивно пуштање во оптек, запознавање со некои економски поими (инфлација, дефлација и покажување примери за нив). Потоа учениците го посетија Музејот на пари каде имаа можност да ги видат нашите банкноти и монети, нивните предни (аверс) и задни (реверс) страни и да се запознаат подетално со симболиката на цртежите.
© 2016 - СОСУ „Илинден“ - Скопје
Comments are closed.