Кодекс на однесување на учениците

Законот за Средно образование укажува на тоа дека тој е задолжителен, а понатамошното делување е Ваш избор. Според тоа 13 години имате улога на ученик, а со тоа свои обврски и задолженија кои се дел од воспитно-образовниот процес и се темелат на основните морални и етички вредности. Доколку се придржувате до нив ќе го доизградите вашиот карактер и ќе се формирате во зрела личност која ќе биде подготвена да се соочи со различни ситуации во животот.


Должности и обврски на учениците се:

  1. Наставата започнуваа од 13:00, а дотогаш учениците треба да се влезени во училиштето затоа што влезните врати ќе бидат заклучени.
  2. Учениците се должни да го чуваат редот, дисциплината и хигиената во училницата и во училиштето.
  3. Во училиштето треба да доаѓаат со пристојна облека и фризура, уредни и чисти без да носат вреден накит и поголема сума на пари.
  4. Учениците се должни да се однесуваат пристојно и со почит кон наставно-воспитниот, административниот и техничкиот кадар, без да се нарушува личноста, угледот и физичкиот интегритет.
  5. Учениците не смеат да излегуваат за време на часовите без одобрение од наставникот и да се задржуват во холот или во санитарните јазли.
  6. Секое индивидуално или групно изостанување од часовите се казнува со Педагошки мерки според Статутот на училиштето и според Правилникот за изрекување Педагошки мерки.
  7. Се забранува пушење во просториите во училиштето и во училишниот двор, а истото ќе биде казнето според Статутот на училиштето.
  8. Забрането е внесување и користење на алкохол и дрога како и внесување на предмети опасни по здравјето и безбедноста на луѓето.
  9. Забрането е користење на мобилни телефони и истите треба да бидат исклучени за време на часовите.
  10. Изостанувањата на учениците родителите ги оправдуваат најдоцна три дена во текот на неделата.
  11. За проблемите кои произлегуваат во текот на воспитно-образовниот процес прво се разговара со Предметен наставник, потоа со Класен раководител , со Психолог, а по потреба и со Директор.
  12. Забрането е влегување во Наставничка канцеларија без причина, а извршување на административните работи ќе ги вршите за време на одморите.
  13. Учениците треба да ги чуваат и уредуваат училниците и да внимаваат да не оштетат некој предмет или пак комјутерската опрема, а за евентуално настанати оштетување родителот ќе треба да ја надомести истата. Учениците не смеат да ги напуштаат часовите кога е отсутен наставник, туку за тоа го известуваат Класниот раководител или Психологот за да се најде соодветна замена.
  14. Насилното однесување се казнува со Педагошки мерки како и казнени законски мерки, затоа проблемите решавајте ги конструктивно, смирено и заеднички.


Слогани за поуспешно спроведување на правилата во кодексот:

„Да почитуваме за да бидеме почитувани“

„Активно да слушаме за да бидеме активно сослушани“

„Да другаруваме за да другаруваат со нас“

„Да помагаме за да ни помагаат“

„Да поздравуваме за да бидеме поздравувани“

„Да ја почитуваме работата на другите за да ја почитуваат нашата“

„Да ги персираме возрасните, претпоставените и непознатите“

„Да се трудиме да употребуваме зборови како: молам, благодарам, извините“

„Да ги почитуваме правилата и законите за да не бидеме опоменувани и казнувани“


Секој ученик се обврзува да го почитува и спроведува овој кодекс, за непочитување е одговорен прекршителот лично.

Back to Top