За нас

Ние сме ново и модерно училиште лоцирано во општина ИЛИНДЕН.

СОСУ „ИЛИНДЕН“

ВИЗИЈА, МИСИЈА, ЦЕЛИ и РЕСУРСИ на училиштето

Визија на училиштето

Нашето училиште го гледаме како современо, европско училиште полно со професионализам, креативност и сигурен развој кон најелитните училишта за оспособување на кадар од електротехничка струка.

Мисија на училиштето

– Да образуваме ученици (компатибилно со европските стандарди) со квалитетни и доживотни когнитивни и теоретски знаења, умеења, вештини и навики (кои континуирано и доживотно ќе се надоградуваат) како и способности за совладување на современата технологија заради технолошките промени во процесот на работа;

– Да го поддржуваме самовработувањето и јакнеме продуктивноста;

– Да образуваме стручни кадри оспособени за примена на научните достигнувања во практиката, за творечко и одговорно однесување спрема работата, средината, општеството и спрема самите себе.

Цели на училиштето

– Создавање на модерно училиште кое се стреми да обезбеди имиџ на посакувано училиште од страна на учениците и на тој начин да влезе во редот на оние најквалитетни училишта кои не ги бараат учениците туку учениците сами избираат да се запишат и дообразуваат кај нас

– Проширување на соработката со повеќе компании од стопанството и потпишување на Меморандуми за соработка

– Обезбедување работна пракса за нашите ученици во компаниите со кои се потпишани Меморандумите за соработка

– Поголема опфатеност на генерацијата што завршува основно образование во нашата општина и зголемување на бројот на паралелки и образовни профили

– Континуирано промовирање на училиштето

– Опремување на кабинетите и лабораториите со најсовремена опрема, со нови наставни и нагледни средства

– Максимална употреба на ИКТ во наставата

Ресурсите на училиштето

Просторни

9
училна - кабинет
4
кабинет
1
канцеларија
1
канцеларија за директор
1
канцеларија за стручен соработник
5
активи за наставници
3
простории за техничка служба
4
санитарен јазол
1
општинска фискултурна сала
1
општинска библиотека

Ресурсите на училиштето

Материјални

Училиштето располага со потребните наставни помагала и дидактички материјали. Училиштето истотака поседува и опрема потребна за изведување на редовната и практичната настава. Персонални компјутери, монитори, лаптоп-компјутери, принтери, принтер-скенер, фотокопир, плотер, LCD-проектори, унимери, осцилоскопи, функциски генератори, фрекфенциометри, РС осцилоскопи, LCR-тестери, единечни извори на еднонасочен напон, двојни извори на еднонасочен напон, лемни станици со регулација на напон, лемила, отпорнички декадни кутии, кондензаторски декадни кутии, индуктивни декадни кутии, моделарски дупчалки, комплет алати за електроничари, телевизор, ДВД – плеер и слично.

Leave a reply

Back to Top