Во просториите на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје се одржа настанот по повод 15 март Светскиот ден на правата на потрошувачите под мотото за 2025 година “Праведна транзиција кон одржлив начин на живеење“.
Целта беше децата и учениците на креативен начин да го изразат своето критичко размислување по однос на одржливата потрошувачка, односно за итната потреба од суштински промени во начинот на кој се храниме, како патуваме, како ги загреваме и ладиме нашите домови, какви производи и услуги купуваме и користиме. Ликовниот конкурс се организираше во четири категории и беа доделени првото, второто и третото место по категорија одделно.
СОСУ ИЛИНДЕН-Илинден го претставуваше Давид Атанасовски, ученик во прва година, со своето дело „Автомобил“ и се закити со трета награда. Честитки за Давид Атанасовски и неговиот ментор Марија Зоксимовска, наставник по ликовна уметност.
Comments are closed.