Архива за August, 2018

logo1

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА НОВАТА УЧЕБНА 2018/2019 ГОДИНА

Почитувани  средношколци од СОСУ Илинден – Илинден, ве известуваме дека првиот наставен ден за учебната 2018/2019 година започнува во понеделник (03.09.2018 година) во 11:00 часот. Со радост и задоволство  ве очекуваме и ви посакуваме среќа и успех во новата учебна година.

bg_img_10

Успешно завршена феријална практика

Учениците од трета година при СОСУ „Илинден“-Илинден и ова лето успешно ја реализираа феријалната практика во компаниите со кои се потпишани Меморандуми за соработка. Феријалната практика во траење од десет работни дена се реализираше во погоните на компаниите Витек Македонија, Кемет Електроникс, Ван Хол и Мепсо А.Д. Училиштето изразува голема благодарност до овие компании за…

Повеќе →

feit

ФЕИТ – КУРС ЗА CYBER SECURITY (ОСНОВНО НИВО)

Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје организира курс за “Cyber Security” кој е наменет за оние кои немаат предзнаења во оваа област па тоа го прави погоден за средношколци, посебно оние кои доаѓаат од стручните електротехнички училишта. Според соработката која е потпишана помеѓу нашето училиште и Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје,…

Повеќе →

дипломирање

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ

Се известуваат  редовните и вонредни ученици кои завршија четврта година во учебната 2017/2018 година, дека на ден 14.08.2018 (вторник) во просториите на училиштето во 11.00 часот ќе се доделат дипломите за завршено средно образование. Управата на училиштето им честита на  матурантите, им посакува многу успех во понатамошното образование на оние кои ќе продолжат со понатамошна дообразба…

Повеќе →

известување за полагање државна матура во августовски уписен рок

Почитувани матуранти, СОСУ „Илинден“ ве известува дека полагањето на екстерниот дел од државната  матура во августовски рок ќе се полага во средното училиште „8 Септември“ во Автокоманда во следниве термини: 13. 08.2018 – англиски јазик 14.08.2018 – македонски јазик 15.08.2018 – историја и бизнис 16.08.2018 – математика Напомена:  Сите испити се со почеток од 10…

Повеќе →

Back to Top