Архива за October, 2016

Набавени 16 нови мрежни трансформатори

За потребите по предметот практична настава за учениците од Средното општинско стручно училиште „Илинден“-Илинден се набавија 16 нови мрежни трансформатори. Со набавката на овие трансформатори се збогати опремата во кабинетите за практична настава за профилот Електротехничар за електроника и телекомуникации и на учениците треба да им овозможи да си ги продлабочат знаењата, вештините и умеењата…

Повеќе →

ОПРЕМЕНА НОВА КОНФЕРЕНЦИСКА САЛА

Деновиве средното општинско стручно училиште „Илинден“-Илинден ја опреми салата за состаноци со 80 нови конференциски столчиња, телевизор и бела табла. На овој начин се подобрија и осовременија условите за одржување на предавања и обуки за нашите ученици како и за сите вработени.

ЗБОГАТЕН БИБЛИОТЕЧНИОТ ФОНД ВО УЧИЛИШТЕТО

Училишната библиотека во СОСУ „Илинден“-Илинден се збогати со околу стотина значајни стручни изданија од областа на техниката, технологијата, економијата и компјутерите. Овие книги беа обезбедени како донација од родител на наш ученик од третта година. Раководството на СОСУ „Илинден“  искажува голема благодарност до родителот и се надеваме дека овој позитивен пример за општествена одговорност ќе…

Повеќе →

РЕАЛИЗИРАНА ОБУКА НА ТЕМА „ОЦЕНУВАЊЕТО-ОСНОВА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА УЧЕЊЕТО“ ЗА НАСТАВНИОТ КАДАР ВО СОСУ „ИЛИНДЕН“

На ден 22.10.2016  година(сабота)  во просториите на СОСУ „Илинден“ се одржа обука за наставниот кадар  на тема  „ОЦЕНУВАЊЕТО-ОСНОВА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА УЧЕЊЕТО“.Обуката беше интерактивна и на неа се разгледаа следниве прашања: Која е целта на оценувањето? Што постигнуваме со оценувањето? Кои елементи ги содржи оценката? Кои се последиците од несоодветно оценување? Понатаму се разгледаа принципите…

Повеќе →

Учениците на СОСУ „Илинден“ ја посетија компанијата HiTech

Учениците на СОСУ „Илинден“ на ден 26 и 27.10.2016 година во присуство на наставниците Игор Атанасов, Ирена Петрушева, Слободан Таневски и Кирил Крстевски ја посетија компанијата HiTech како дел од посетите на компании кои се организирани по предметите Практична настава. Претставник од компанијата заедно со дел од вработените ги упатија учениците во основните правила на…

Повеќе →

Сребрен медал на МАКИНОВА 2016

Од 18-22.10.2016 година, ученикот Филип Витковски (под менторство на професорот Игор Атанасов) од СОСУ „Илинден“ зеде учество на МАКИНОВА 2016 и освои сребрен медал со својето младинско истражувачко креативно творештво „Контрола и управување на индустриски процес со систем базиран на програмабилен логички контролер“. Му честитаме на Филип за освоениот медал и му посакуваме во иднина…

Повеќе →

children-childrens-church-crossways-church-evangelical-pentecostal-family-hilton-assembly-of-god-christian-bible-based-multicultural-worship-morning-service-howick-children-home-groups

МИО Активност – Сите сме исти

Сите сме исти Во денешно време низ светот владее многу омраза. Муслиманите се гледаат како терористи, афро-американците како насилници. Бездомниците по улиците се незабележани од голем број луѓе. Ако некои поединци од раса, фамилија или религија се терористи, насилници и бездушни, тоа не значи дека сите други околу нив се исти. Секој човек сам себе…

Повеќе →

Back to Top