Архива за May, 2022

Драган Николовски повторно меѓу најдобрите на државниот натпревар по англиски јазик

На ден 28.05.2022 год. во организација на ЕЛТАМ (Асоцијација на наставници по англиски јазик на Македонија) се одржа Државен натпревар по англиски јазик за средните училишта на кој нашиот ученик Драган Николовски од III-1 клас, под менторство на професорот по англиски јазик Ивана Теовска, освои трето место од преку 60 натпреварувачи. На натпреварот не претставуваа…

Повеќе →

ОТВОРЕН ДЕН ВО СОСУ ИЛИНДЕН

СОСУ Илинден – Отворен ден – 2022 – 1 СОСУ Илинден – Отворен ден – 2022 – 2

УПИСИ ВО ПРВА ГОДИНА ЗА УЧЕБНА 2022/2023

ИНФОРМАТИВНИ ФЛАЕРИ

КАЛКУЛАТОР ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПОЕНИ ЗА УПИС

За да го отворите калкулаторот посетете го следниот линк: КАЛКУЛАТОР ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПОЕНИ ЗА УПИС

СОСУ Илинден освои 3-то место на натпреварот Развојни Микропроцесорски Системи

СОСУ Илинден активно се вклучи во дводневната работилницата на тема Развојни Микропроцесорски Системи која е дел од проектот „Технологија за тебе“ во организација на Loging electronics заедно со Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии (ФЕИТ) во Скопје и нивната лабораторија за производство ФАБЛАБ. Настанот се одржа на 9-ти и 10-ти Мај 2022 и во него…

Повеќе →

Успешни и на регионалниот натпревар по англиски јазик

На ден 07.05.2022 год. во организација на ЕЛТАМ (Асоцијација на наставници по англиски јазик на Македонија) се одржа регионален натпревар по англиски јазик за средните училишта на кој сите пријавени ученици од СОСУ „ИЛИНДЕН“ постигнаа одлични резултати и се пласираа на претстојниот државен натпревар кој ќе се одржи на 28.05.2022. – Трета годинаДраган Николовски –…

Повеќе →

ОБРАЗОВНО РАНДЕВУ 2022 МАССУМ

На овогодинешното образовно рандеву 2022 МАССУМ ( Младинска асоцијација на средни стручни училишта во Македонија)  кое се одржа на 06.05.2022 во Велес,  нашите ученици (околу 40)  на натпреварите се претставија во следниве категории: – Најдобра екипа во серва – 1 место од 25 екипи  (Ива Јосифова, Мила Гроздевска, Дарио Бојковски и Филип Паневски.  Ментор- проф.…

Повеќе →

Трето место за Драган Николовски на државниот натпревар за електротехнички училишта

На овогодинешниот 39-ти натпревар, организиран од Здружението на електротехнички, машински и сообраќајни училишни центри, одржан на 06.05.2022 во Велес, нашето училиште го претставуваа два ученика. Драган Николовски под менторство на проф. Христина Стојановска, кој се натпреваруваше во квалификација Електротехничар за компјутерска техника и автоматика и се стекна со Диплома за освоено трето место и Стефан…

Повеќе →

5 Мај – Денот на македонскиот јазик го донесе третото место на Ева Цветановска за еден од најдобрите есеи

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, Сојузот на просветни работници организираше литературен конкурс на тема „Браќата Миладиновци основоположници на македонската преродба и поборници за својот мајчин јазик“ во кој учествуваа над триесетина ученици од основните и средните училишта од државата. Нашата ученичка Ева Цветановска од II-1 клас, под менторство на професорот по…

Повеќе →

Back to Top