Со поддршка на Бирото за развој на образованието, обучувач: Александра Петровска, во соработка со Академијата ЦЕС, денес во Средното општинско училиште во Илинден беше реализирана обука за наставници.
Целта на обуката беше наставниците да се запознаат со современи методи за поттикнување на критичко и одржливо размислување кај учениците и нивно активно вклучување во решавањето на еколошките предизвици.
Наставниците преку интерактивни активности изработија предлог-активности и мини-проекти што ќе можат да ги применат во наставата и училиштето.
Обука која поттикна инспирација, идеи и нови пристапи за современа еколошка едукација.
Comments are closed.