На вчерашната презентација, претставници од Џонсон Мети Дооел Скопје им ги доближија на нашите ученици темите за безбедност и здравје при работа, значењето на правилното управување со отпад и начините на кои секој од нас може да придонесе за почиста и поздрава животна средина.
Учениците имаа можност да се запознаат со основните принципи на БЗР, почнувајќи од користење на лична заштитна опрема, препознавање на потенцијалните ризици, па се до постапките што треба да се превземат во случај на опасност.
Во вториот дел од презентацијата беше опфатена темата за заштита на животната средина, управувањето со отпадот, како и практиките што компаниите и поединците треба да ги следат за да го намалат негативното влијание врз околината. Им беше укажано дека секој мал чекор – од рециклирање до рационално користење на ресурсите – придонесува кон почиста и поздрава животна средина.
Настанот беше збогатен со прашања и дискусија, низ кои учениците ја покажаа својата заинтересираност и желба за еколошка свест. Овој вид активности претставува значаен чекор кон градење одговорни и информирани генерации.






Comments are closed.