Во периодот од 20 април до 25 април на Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ во Скопје се одржа натпреварот во роботика, вештачка интелигенција и електроника за учениците во средните училишта од Македонија – ROBOMAC Junior 2026. Главен организатор беше ФЕИТ и студентскиот огранок на ИЕЕЕ.
На натпреварот учествуваа 54 учесници од четврта година од над 30 средни училишта од Македонија, кои се натпреваруваа во две категории. Во категорија АВТОНОМНА МОБИЛНА РОБОТИКА, организирана од Институтот за автоматика и системско инженерство и во категорија ПАМЕТНА ЕЛЕКТРОНИКА ЗА АВТОНОМНИ ВОЗИЛА, организирана од Институтот за електроника.
Нашето училиште претставувано од ученикот Данил Стојановски се натпреваруваше во категоријата ПАМЕТНА ЕЛЕКТРОНИКА ЗА АВТОНОМНИ ВОЗИЛА, организирана од Институтот за електроника и го освои златниот медал во оваа категорија.
Освен натпреварувачките активности, се одржаа и неколку предавања на популарни теми од роботиката, вештачката интелигенција и електрониката, и тоа:
– „Мобилна електроника“ од проф. д-р Катерина Ралева и проф. д-р Томислав Карталов;
– „Роботиката и вештачката интелигенција“ од доц. д-р Горјан Наџински;
– „Реализација на миоелектрична роботска протеза за рака“ од м-р Благој Христов.
Настанот помина во одлична атмосфера на дружење и натпреварување. Учесниците си заминаа побогати со нови знаења, интереси и пријателства, а ФЕИТ и IEEE се обврзаа да ја продолжат оваа убава традиција, редовно и збогатено во иднина.






Comments are closed.