Работилница на тема: „ Препознавање на ученици со емоционални потешкотии“

IMG-eb238e897e5452828c384d73340e2235-V

Извештај од реализирана работилница со наставен кадар во СОСУ„Илинден“ од Илинден на тема: „ Препознавање на ученици со емоционални потешкотии“. Реализатор психолог Фросина Каранфиловска

На ден 22.09.2017 година во рамките на развојната цел 7: Проширување на активностите за работа со ученици со емоционални потешкотии од Годишната програма за работа на училиштето за учебната 2017/2018 година психологот Фросина Каранфиловска реализираше работилница  со наставен кадар на тема: Препознавање на ученици со емоционални потешкотии. Целта на работилницата беше да се запозне наставниот кадар со видови емоционални потешкотии како и со одредено однесување кое може да го манифестира ученикот/чката. Притоа беше нагласено дека потребно е да се следат учениците и нивното однесување за време на часовите и одморите за да се стекне целосна слика и увид во однесувањето. Исто така беа поделени и листи со можни реакции на учениците на секој предметен професор за да се детектираат во наредниот месец учениците кои имаат некоја емоционална потешкотија. Како идни активности се најавени индивидуални разговори и разговори со родители со цел да се надминат потешкотиите со кои се соочува воспитно образовниот кадар во текот на предавањата, учениците со своите потешкотии како и родителите во кругот на семејството.

Извештајот го подготвил:

Психолог Фросина Каранфиловска

IMG-75c9c4ad0ea73f55e479827951bfec07-V IMG-92d0052dda41fa67284882d7933b9ec5-V IMG-de03d4c73982913f24f1c9c3c7684034-V IMG-eb238e897e5452828c384d73340e2235-V

Објавено на 25.09.2017 во Општо

Сподели го текстот

Back to Top