Успешно претставување на нашите ученици на XLIII Државен натпревар на електротехнички училишта

Успешно претставување на нашите ученици на XLIII Државен натпревар на електротехнички училишта. На 08 и 09 мај, СОУ „Киро Спанџов – Брко“ од Кавадарци беше домаќин на XLIII Државни натпревари во електротехничката, машинската и сообраќајната струка.
Нашето училиште го претставуваа два ученика:
1. Боге Димитриевски (со ментори: Христина Стојановска, Зорка Ш.Грамбозова, Ангела Ристовска и Ирена Ангеловска), кој се стекна со медал за освоено трето место во образовниот профил Електротехничар за електроника и телекомуникации и
2. Даријан Ѓорѓиоски (со ментори: Игор Атанасов, Христина Стојановска, Христина Јовановска и Елена Илиевска), кој го освои шестото место во образовниот профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика и се здоби со пофалница.
Честитки за постигнатиот успех за учениците и за нивните ментори и уште многу успеси во иднина.

Објавено на 11.05.2026 во Настани

Сподели го текстот

Back to Top