Во рамки на Развојната цел-Ученички иницијативи од Годишната програма за работа на училиштето, учениците од Ученички совет изработија презентации на различни теми од секојдневието и општеството кои најпрвин ги мапираа како проблеми со кои се соочуваме во секојдневието, а потоа врз основа на добиените одговори во соработка со училишниот психолог изработија Акциски план и теми за едукативни презентации кои започнаа со реализација на класните часови. Втора презентација беше на тема: Болести за зависност затоа што достапноста на цигари, алкохол, разни психоактивни супстанци и злоупотреба на истите постануваат проблеми со кои се соочуваат младите во секојдневието. Учениците продискутираа и за обложувалниците и казината како и за прекумерно користење на мобилни телефони за социјални мрежи, игри и др.
Пораката која сакаат да ја пратат учениците е дека болестите на зависност претставуваат сериозен здравствен и општествен проблем што влијае врз физичкото, психичкото и социјалното функционирање на поединецот. Тие се карактеризираат со силна потреба за користење на одредени супстанции или повторување на одредени однесувања. Зависноста не е слабост или недостаток на волја, туку комплексна состојба за што едукацијата и подигнување на свеста играат важна улога во превенцијата, помагајќи им на луѓето да донесуваат информирани и здрави одлуки.










Comments are closed.