СОСУ ИЛИНДЕН, ИЛИНДЕН ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА ЕКОЛОГИЈАТА

Учениците во СОСУ ИЛИНДЕН на 19.03.2026 со различни активности го одбележа денот на екологијата.

Наставниците заедно со учениците на часовите реализираа еко содржини предвидени во Еколошката програма како што се:

– Намалување на потрошувачката на електрична енергија;

– Заштеда на вода;

– Одржување на училишната зграда и здрава внатрешна средина;

– Уреден и еколошки чист училишен двор;

– Намалување на отпад (селекција на отпад и правилно одложување во соодветни садови за отпад).

Целта на овие активности беше да се подигне свеста кај вработените, учениците, младите и останатите граѓани за правилно одложување и селекција на отпадот за да се зачува чиста, убава и функционална животна средина, како и чување и одржување на училишниот простор и материјалните ресурси во училишниот објект.

Објавено на 19.03.2026 во Активности

Сподели го текстот

Back to Top