На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 05.05.2026 (вторник) се одржа ден 3 (финале) на ТЕЛЕХАК@ФЕИТ– првиот хакатон посветен на телекомуникациите, наменет за ученици од четврта година од сите средни училишта во Македонија.
Натпреварувачите имаа задача да креираат иновативни решенија инспирирани од реални предизвици во телекомуникацискиот сектор на тема Сајбер безбедност.
Нашето училиште беше учесник на натпреварот кој се одржуваше во три дела и на ден 3 (финале) нашиот тим го освои првото место, пред тимовите на СУГС “Орце Николов” – 2 место и СУГС “Раде Јовчевски – Корчагин” – 3 место.
Победничкиот тим го сочинуваа учениците: Данил Стојановски, Зорана Христовска, Михаела Смилевска и Александра Ивановска, ученици од IV-1 клас, предводени од менторот проф. Христина Стојановска.
Управата на училиштето им честита на учениците и на нивниот ментор и им посакува уште многу успеси во иднина.


Comments are closed.