Огласна Табла

Учениците од третта година упатени на феријална пракса

       Учениците од третта година од образовниот профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика и Електротехничар за електроника и телекомуникации започнаа со феријална пракса во компаниите МЕПСО АД, ВАН ХОЛ и ОКТА АД. Вкупно 68 ученика во текот на летниот период ќе имаат можност претходноусвоените теоретски и практични знаења, вештини и умеења во…

Повеќе →

Хортикултурно уредување на училишниот двор

Засадување дрвца во Ајватовци

Учениците од СОСУ „Илинден“ го раззеленија Ајватовци.

ПОСЕТА НА „ИЛИНДЕН 2016“

Средношколците од СОСУ „Илинден“ и оваа година имаа можност 5 дена да се дружат со книгата и со убавиот пишан збор во рамки на литературната манифестација „Илинден 2016“ која ја организира Општина Илинден. Покрај можноста да уживаат во убавиот стих и добра книга можеа да уживаат и во уметноста преку изложбата на академик Васко Ташковски…

Повеќе →

И родителите ги наградија фудбалерите

За својот успех фудбалерите беа наградени и од родителите. Преставник од Училишниот одбор и од Советот на родители обезбедија пар патики за сите 11 фудбалери и им честитаа за постигнатиот успех.

Наградени најдобрите

Државните прваци во футсал и прваците на Град Скопје од средношколската лига во футсал заслужено беа наградени за своето залагање на полето на спортот како и за промовирањето на училиштето. Професорот по спорт Дејан Димитријевиќ и 11 фудбалери  добија тренерки и патики од страна на Градоначалникот на Општина Илинден. Наградите им ги врачи директорот на училиштето…

Повеќе →

Дел од активностите по практична настава

НАСТАВНИОТ КАДАР ОД СОСУ „ИЛИНДЕН“ ПОСЕТИ ОБУКА ЗА СОВРЕМЕНИ МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Обуката е дел од проектот „Современи методи и техники на настава“ и има теоретски дел и поддршка во самата настава со практични примери, за да се поттикне креативноста на наставниците и учениците, да се развие критичкото мислење кај учениците и да се создадат предуслови за поголемо користење на дигиталните содржини. Наставниците  по завршената обука добија…

Повеќе →

Освоено прво место на државниот натпревар во футсал машки т.н. „Гимназијада“ што се одржа во Куманово

И така, полека но сигурно пристигнаа и резултатите од нашата работa. Освоено прво место на државниот натпревар во футсал машки т.н. „Гимназијада“ што се одржа во Куманово од 05-07.05.2016 година Честитки за освоеното прво место на учениците на Средното општинско стручно училиште „Илинден“-Илинден и за професорот по спорт Дејан Димитријевиќ. Денес покажаа како се игра…

Повеќе →

Успешно деби на учениците на Средното општинско стручно училиште „Илинден“ од Општина Илинден на XXXV Државни натпревари на Електротехничките, Машинските и Сообраќајните средни училишта на Република Македонија

Успешно деби на учениците на Средното општинско стручно училиште „Илинден“ од Општина Илинден на XXXV Државни натпревари на Електротехничките, Машинските и Сообраќајните средни училишта на Република Македонија што се одржаа на 06 мај 2016 година во СОУ „Никола Карев“ во Струмица. Прво учество и успешно претставување на натпреварите од електротeхничка струка за нашите ученици Тодорче…

Повеќе →

Back to Top