За да го отворите калкулаторот посетете го следниот линк: КАЛКУЛАТОР ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПОЕНИ ЗА УПИС
За да го отворите калкулаторот посетете го следниот линк: КАЛКУЛАТОР ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПОЕНИ ЗА УПИС
СОСУ Илинден активно се вклучи во дводневната работилницата на тема Развојни Микропроцесорски Системи која е дел од проектот „Технологија за тебе“ во организација на Loging electronics заедно со Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии (ФЕИТ) во Скопје и нивната лабораторија за производство ФАБЛАБ. Настанот се одржа на 9-ти и 10-ти Мај 2022 и во него…
На 09.05.2022 година се одржа вториот Мултипликативен настан „The VALENCE educational software environment and digital infrastructure“ во рамките на ERASMUS+ проектот „Advancing Machine Learning in Vocational Education – VALENCE“. Водечка организација за настанот беше Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје. Настанот беше проследен со Третата работилница за вградени микропроцесорски системи организирана од ФЕИТ…
На ден 07.05.2022 год. во организација на ЕЛТАМ (Асоцијација на наставници по англиски јазик на Македонија) се одржа регионален натпревар по англиски јазик за средните училишта на кој сите пријавени ученици од СОСУ „ИЛИНДЕН“ постигнаа одлични резултати и се пласираа на претстојниот државен натпревар кој ќе се одржи на 28.05.2022. – Трета годинаДраган Николовски –…
На овогодинешното образовно рандеву 2022 МАССУМ ( Младинска асоцијација на средни стручни училишта во Македонија) кое се одржа на 06.05.2022 во Велес, нашите ученици (околу 40) на натпреварите се претставија во следниве категории: – Најдобра екипа во серва – 1 место од 25 екипи (Ива Јосифова, Мила Гроздевска, Дарио Бојковски и Филип Паневски. Ментор- проф.…
На овогодинешниот 39-ти натпревар, организиран од Здружението на електротехнички, машински и сообраќајни училишни центри, одржан на 06.05.2022 во Велес, нашето училиште го претставуваа два ученика. Драган Николовски под менторство на проф. Христина Стојановска, кој се натпреваруваше во квалификација Електротехничар за компјутерска техника и автоматика и се стекна со Диплома за освоено трето место и Стефан…
По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, Сојузот на просветни работници организираше литературен конкурс на тема „Браќата Миладиновци основоположници на македонската преродба и поборници за својот мајчин јазик“ во кој учествуваа над триесетина ученици од основните и средните училишта од државата. Нашата ученичка Ева Цветановска од II-1 клас, под менторство на професорот по…
PDF – Интерен конкурс за упис на ученици во прва година 2022-2023 DOCX – Интерен конкурс за упис на ученици во прва година 2022-2023
Општина Илинден, Средното општинско стручно училиште „Илинден“ – Илинден и компанијата „Џонсон Мети“ потпишаа Меморандум за соработка во областа на образованието, со кој англиската компанија за производство на катализатори ќе обезбеди практична настава и обука во сопствените капацитети за учениците од средното општинско стручно училиште „Илинден“. Со потпишувањето на овој меморандум, Општина Илинден воведува иновативен…
Од 05.04.2022 до 08.04.2022 година се одржа четиридневен тренинг настан во Крањ, Словенија, чиј домаќин беше Школскиот центар Крањ од Словенија. На настанот беа вклучени девет учесници, двајца домаќини, Наташа Кристан и Урош Стерле од ШЦ Крањ – Словенија, како и седум учесници од партнерите на проектот: Стефан Златинов и Томислав Карталов од Факултетот за…
© 2016 - СОСУ „Илинден“ - Скопје