Огласна Табла

Учениците од Конструкторската секција изработија Лабораториски извори на напон

Учениците кои се членови на Конструкторската секција во текот на второто полугодие изработуваа Двоен извор на еднонасочен напон кој потоа ќе им користи за тестирање на други електронски склопови. Учениците Тео Цацаноски, Дарко Раневски, Матеј Додевски, Игор Механџиски, Матеј Лазаревски и Иван Трајановски, сите од втора година, под менторство на професорите Слободан Таневски и Васко…

Повеќе →

Прелиминарни резултати од прв уписен рок прво пријавување за учебна 2023/2024 година

Прелиминарна ранг листа – електротехничар за електроника и телекомуникации Прелиминарна ранг листа – електротехничар за компјутерска техника и автоматика  

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРЕЛИМИНАРНА ЛИСТА НА ПРИМЕНИ УЧЕНИЦИ ВО ПРВО ПРИЈАВУВАЊЕ

  Почитувани, СОСУ „Илинден“-Илинден ве информира дека на 22.06.2023 (четврток) најдоцна до  09.00 часот  на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот ќе биде објавена прелиминарната ранг листа на запишани ученици. Учениците кои се примени ќе треба да ги донесат документите во училиште согласно претходно утврдениот распоред според азбучен ред согласно презимето. Со почит, СОСУ Илинден

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИЕМ НА ДОКУМЕНТИ ЗА УПИС ВО ПРВА ГОДИНА ЗА УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА

Почитувани ученици, родители/старатели, Средното општинско стручно училиште „ИЛИНДЕН“-Илинден ве известува дека на 22 и 23.06.2023 година ќе врши прием на документи за  учениците кои аплицирале за упис во прва година за учебната 2023/2024 година во следниве термини: Приемот на документи на 22.06.2023 (четврток) ќе се врши по азбучен ред во периодот од 12.00 до 19.00 часот Доставувањето на документи од страна на…

Повеќе →

ОДРЖАН ЗАВРШЕН ЧАС ВО КОМПАНИЈАТА ЏОНСОН МЕТИ

На 01.06.2023 во просториите на Џонсон Мети нашите ученици од класот II-2 од дуалната паралелка одржаа завршен час во рамки на проектот за дуално образование. На завршниот час покрај учениците присутни беа претставници од училиштето и од Џонсон Мети.  Со компанијата претходно беше потпишан Меморандум за соработка во кој беа предвидени активности за Учење кај…

Повеќе →

СОСУ Илинден освои 2-то место на натпреварот Развојни Микропроцесорски Системи

СОСУ Илинден активно се вклучи во дводневната работилницата на тема Развојни Микропроцесорски Системи која е дел од проектот „Технологија за тебе“ во организација на Loging electronics заедно со Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии (ФЕИТ) во Скопје и нивната лабораторија за производство ФАБЛАБ. Настанот се одржа на 15-ти и 16-ти Мај 2023 и во него…

Повеќе →

УСПЕШНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА СОСУ ИЛИНДЕН, ИЛИНДЕН НА ДРЖАВНИТЕ НАТПРЕВАРИ НА „НАРОДНА ТЕХНИКА“

На овогодинешниот 59-ти Државен натпревар на младите истражувачи кој се одржа на 13.05.2023 година во средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ во Велес, учество зедоа најдобрите средношколци од целата држава. Ова е традиционална манифестација, преку која учениците од средното образование во земјава имаат можност да презентираат научно-истражувачки проекти во повеќе области на природните науки и…

Повеќе →

ОДРЖАНО ПРЕДАВАЊЕ ОД ПРЕТСТАВНИЦИ НА ИТ ЛАБС

На 12.05.2023 во СОСУ „ИЛИНДЕН“ од страна на претставници на ИТ ЛАБС се одржа предавање за учениците од 3 и 4 година од квалификацијата Електротехничар за компјутерска техника и автоматика и е прва ваква соработка на оваа еминентна компанија од областа на ИТ-секторот со едно средно училиште. Покрај предавањето се договорија и други активности за…

Повеќе →

Информација за упис во прва година за учебната 2023/2024 година

За да го отворите калкулаторот посетете го следниот линк: КАЛКУЛАТОР ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПОЕНИ ЗА УПИС

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОТВОРЕН ДЕН

На ден 20.05.2023(сабота),  СОСУ „Илинден“-Илинден ќе организира Отворен ден на училиштето за идните средношколци и ширум ќе ги отвори вратите за деветоодделенците и нивните родители, како и за сите останати кои сакаат непосредно  да се запознаат со начинот на запишување во средно училиште, квалификациите кои ги нуди училиштето, со наставниот план и програма, со проектите…

Повеќе →

Back to Top