На 41-тиот државен натпревар, организиран од Здружението на наставници по стручни предмети и раководните кадри од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта на Р. Северна Македонија, одржан на 16.05.2024 и 17.05.2024 во Богданци, нашето училиште го претставуваа Анастасија Дамчевска со ментори Христина Стојановска, Катерина Јанева, Христина Јовановска и Игор Атанасов од струка Електротехничар за компјутерска техника…
СОСУ Илинден активно се вклучи во работилницата на тема Развојни Микропроцесорски Системи која е дел од проектот „Технологија за тебе“ во организација на Loging electronics заедно со Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии (ФЕИТ) во Скопје и нивната лабораторија за производство ФАБЛАБ. Настанот се одржа на 15-ти Мај 2024 и во него земаа учество 10…
Во организација на ЕЛТАМ (Асоцијација на наставници по англиски јазик на Македонија) се одржа државен натпревар на средните училишта на кој учествуваа 2 ученика од СОСУ „ИЛИНДЕН“, Петар Готиќ од прва година кој се пласираше на 8 место од вкупно 63 натпреварувачи и Стефан Петрунов од втора година, под менторство на Проф.Ивана Теовска – наставник…
На образовното рандеву 2024 МАССУМ (Младинска асоцијација на средни стручни училишта во Македонија) кое се одржа на 10.05.2024 во Радовиш, нашите ученици на натпреварите се претставија во следниве категории: – Најдобра поетска творба – (Ангела Арсоска и Зорана Христовска. Ментор – проф. по македонски јазик Габриела Петровски) – Најдобра фотографија – (Ана Анѓелковиќ. Ментор –…
Во периодот од 22 април до 25 април на Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ во Скопје се одржа натпреварот во роботика, вештачка интелигенција и електроника за учениците во средните училишта од Македонија – ROBOMAC Junior 2024. Главен организатор беше ФЕИТ и студентскиот огранок на ИЕЕЕ. На натпреварот учествуваа 54 учесници од четврта година…
Во периодот од 18 до 22.03.2024 се одржаа регионалните натпревари на средните училишта во организација на Технолошко-металуршкиот факултет при универзитетот Св. Кирил и Методиј. Темата на натпреварот беше Наноматеријали – материјали на иднината и на натпреварот учествуваа средните училишта од државава, меѓу кои и нашето училиште. На натпреварот учествувавме со два тима. Ученичките Зорана Христовска…
Во организација на ЕЛТАМ (Асоцијација на наставници по англиски јазик на Македонија) се одржа општински натпревар на средните училишта на кој учествуваа 6 ученика од СОСУ „ИЛИНДЕН“ под менторство на Проф.Ивана Теовска – наставник по англиски јазик. Ученици постигнаа солидни резултати и достојно го претставија училиштето. Честитки за учениците и нивниот ментор. Им посакуваме успех на…
Ученичка заедница реализираше 4 презентации како дел од активностите кои следеа по спроведено истражување на класен час-Проблеми со кои се соочуваме во секојдневието. Притоа како теми кои беа предложени за обработка беа: Зависности кај тинејџери, Здравје, Вредности и Анксиозност. Учениците поделени во групи изработија презентации и истите беа реализирани на класните часови од страна…
© 2016 - СОСУ „Илинден“ - Скопје